Произведени речиси 18 милијарди литри вино во ЕУ

Во Европската унија, според податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат), во 2021 година се произведени 17,6 милијарди литри вино.

Водечки производители беа Шпанија, чие вино сочинува 29 отсто од вкупното производство во ЕУ, потоа Италија (28 отсто) и Франција (20 отсто). По неа следат Германија со седум отсто и Унгарија со два отсто.

Најголемо вкупно производство на шампањ минатата година имаше Германија (речиси 220 милиони литри), потоа Италија со повеќе од 212 милиони литри произведени и Белгија со близу 190 милиони литри. Во сите три земји, производството на шампањ се намали во 2020 година, но беше подобро отколку во 2019 година.

Кога станува збор за пенливото вино направено од свежо грозје (без шампањот), Германија исто така се најде на врвот на листата со производство од повеќе од 240 милиони литри, а потоа следат Белгија со речиси 170 милиони литри и Шведска со 98,7 милиони литри произведено пенливо вино.