
Кинеската компанија „Поп Март“, позната по својата популарна кукла „Лабубу“, денес објави дека нејзината нето добивка во првата половина од 2025 година се зголемила за дури 396,5 проценти на годишно ниво, додека приходите скокнале за 204,4 проценти.
Акциите на „Поп Марч“ пораснаа за повеќе од 200 проценти од почетокот на годината, што ја направи пазарната вредност на компанијата надмината од традиционалните производители на играчки како што се „Мател“, производителот на куклата Барби, и јапонската фирма „Санрио“, сопственик на брендот „Хело Кити“.
Приходите од куклите „Лабубу“ за првата половина од 2025 година изнесуваат 4,81 милијарди јуани (околу 575 милиони евра), што претставува 34,7 проценти од вкупните приходи на „Поп Марч“, објавува „Ројтерс“.