
Производството на јаглен во Русија се зголеми за 5,4 отсто на годишно ниво во периодот јануари-февруари и достигна 73,7 милиони тони, објави Руската државна служба за статистика (Росстат).
Експлоатацијата на сите видови јаглен во набљудуваниот интервал е зголемена за 4,5 отсто на 56,5 милиони тони, пренесе Тасс.
Производството на антрацит е зголемено за 1,6 отсто на 3,9 милиони тони, додека производството на јаглен за коксирање е намалено за 3,6 отсто на 17,4 милиони тони.