Производството на компир, краставици, јаболки и цреши зголемено во 2024, а намалено на ориз и сончоглед

Државниот завод за статистика информираше дека во 2024 година во државата се евидентирани 506.586 хектари земјоделско земјиште.

Во однос на обработливите површини, пад е забележан кај нивите и градините за 2,0 % и кај виновите насади за 1,7 %, додека пораст е регистриран кај овошните градини за 3,1 %.

Во текот на истиот период, забележано е зголемување на продукцијата кај компирот за 9,0 % и кај краставиците за 3,6 %.

Кај останатите земјоделски култури, поголем пад е забележан кај оризот за 6,9 %, сончогледот за 10,2 % и луцерката за 6,7 %.

Во 2024 година, во споредба со 2023 година, се гледа значителен пораст во производството на сите видови овошје.

„Најголемо зголемување на производството е забележано кај јаболката за 59,1 % и кај црешите за 41,0 %“, стои во извештајот.