Производството на нафта во САД повторно руши рекорд

Производството на нафта во САД треба да достигне ново рекордно ниво оваа година, објави Министерството за енергетика, а падот во 2026 година треба да биде поблаг од очекуваното.
Компаниите во САД треба да произведуваат просечно 13,53 милиони барели нафта дневно оваа година, според одделот за статистика на Министерството за енергетика (EIA).

Досега, тие очекуваа просечно дневно производство од 13,44 милиони барели дневно.

Новата проценка покажува дека производството оваа година ќе достигне нов максимум откако одделот за статистика ги објавува податоците и ќе биде за 2,2 проценти повисоко од минатата година.