Project Jacquard – исткаена технологија

18

making-clothes-intelligent-1Проектот Jacquard на технолошкиот гигант Google овозможува да се вплете интерактивноста на допирот и гестикулацијата во било каков материјал, користејќи стандарден индустриски разбој.

“Ова го постигнавме благодарение на новите спроводливи предива, создадени во соработка со нашите индустриски партнери”, велат луѓето кои стојат зад проектот Jacquard.

Според нив, секој предмет како облека или мебел може да се трансформира во интерактивна површина.

Нивните специјални предива комбинираат тенки метални легури со природни и синтетички предива како памук, полиестер, свила, правејќи го предивото доволно силно за да се исткае на било каков индустриски разбој.

making-clothes-intelligent-2

Користеќи спроводливи предива, може да се исткаат спроводници чувствителни на допир, на било кој дел од текстилот.

Покрај тоа, може да се исткае и мрежа на сензори низ материјалот, креирајќи големи интерактивни површини.

“Развивме иновативни техники за да ги поврземе спроводливите предива со конектори и мали кола, не поголеми од копче на јакна”, велат од Jacquard.

embedding-electronics-2

Овие минијатурни уреди препознаваат допири и разни гестикулации преку алгоритми. Допирот може безжично да се пренесе на мобилен телефон или други уреди со цел да се контролираат повеќе функции, поврзувајќи го корисникот со различни онлајн услуги, апликации и слично.

LED диодите и други вградени излезни уреди ја носат информацијата до корисникот, поврзувајќи го со дигиталниот свет на беспрекорен начин.

На овој начин, интерактивните парчиња облека нудат нови можности за интеракција со уреди и околината.