Промени во органите на управување и раководење на „Сава“

74

Врз основа на член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Сава пензиско друштво АД Скопје соопшти за извршена промена во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Во Централниот регистар на Република Северна Македонија извршен е упис на Петер Скварча за член на Надзорен одбор, по дадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Извршен е упис на Претседател на Надзорен одбор, за претседател е избран постојниот член Павел Гојкович.

Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје:
– Павел Гојкович, Претседател
– Д-р Мојца Горњак, член
– Петер Скварча, член
– Гоце Христов, независен член.