Промотивна кампања за НЛБ Проклик

88

Во периодот од 01.09.2018 до 30.09.2018 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и за НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.

Во рамките на промотивната понуда, сите кои ќе станат корисници на НЛБ Проклик електронското банкарство или НЛБ мПроклик мобилното банкарство во промотивниот период ќе можат да ги искористат следниве поволности:

  • Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на октомври
  • Бесплатна Mastercard Business картичка за првата година на користење

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство корисниците ќе имаат постојан увид на состојбата и прометот на нивните сметки и ќе можат самостојно да ги извршуваат банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик овозможуваат корисниците да ја зголемат ефикасноста на работењето на нивната компанија и рационално да го трошат своите време и средства.

Повеќе информации можете да добиете на телефонски број 02/ 15 600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.