Пропадна продажбата на српската агенција Танјуг

26

tanjug-580x376

Продажбата на српската новинска агенција Танјуг пропадна откако на јавниот повик не се јави ниту еден заинтересиран купувач, јавува Ројтерс.

Танјуг е еден од 38-те медиуми во сопственост на државата што се ставени на продажба. Во огласот за продажба стоеше дека Република Србија продава 100% од уделот во сопственост на Танјуг, а според оценките на овластените проценители, вредноста на капиталот е 760.936 евра.

Танјуг е формирана во 1943 година. Вработува околу 200 луѓе. Во 2014 година, добивката пред оданочување на агенцијата беше 5.670 евра.