Просечна декемвриска нето плата во Србија изнесува 924 евра

Просечната бруто-плата за декември 2024 година изнесува 148.428 динари (1.266 евра), а просечната нето плата, односно без даноци и придонеси 108.312 динари, (924 евра), објави денеска Заводот за статистика на Република Србија.

Просечната нето-плата за декември изнесувала 79.624 динари, што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведената сума.

Бруто заработката лани се зголемила во однос на 2023 година номинално за 14,2 отсто или реално за 9,2 отсто, додека просечната нето-заработка номинално е повисока за 14,1 отсто или реално за 9,1 отсто.