Просечна јануарска нето плата во Словенија 1.569 евра

Просечната јануарска нето плата во Словенија изнесува 1.569,12 евра, што е номинално за 14,1 отсто, а реално за 13,8 отсто помала од заработката во декември, објави словенечкиот завод за статистика.

Ова намалување главно се должи на помалиот обем на вонредни исплати, како 13-та плата и „божиќниот бонус“ кои беа актуелни во декември, се вели во соопштението.

Наспроти тоа, просечната нето плата во Словенија е номинално повисока за 6,7 отсто, а реално за 4,6 отсто во однос на јануари 2024 година.