Просечната цена на струјата за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од годинава пониска за 8,7 отсто отколку во истиот период лани

Просечната цена на електричната енергија пресметана по KWh за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од 2025 година, во однос на второто полугодие од 2024 година, бележи пад од 8.7 %, oбјави Државниот завод за статистика.

Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, со исклучок на домаќинствата, се движи од 5.611 до 15.403 денари за kWh, зависно од групата на потрошувачи. Пресметаната просечна цена изнесува 7.945 денари за kWh, што претставува намалување од 8.7 % во споредба со второто полугодие од 2024 година.

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2025 година изнесува 7.271 денари по KWh, што претставува раст од 0.7 % во споредба со второто полугодие од 2024 година.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 881.518 до 1 538.014 денари за GJ по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 2 065.145 денари за GJ.

Според групата на крајни потрошувачи, класифицирани според нивната просечна годишна потрошувачка:

  • Намалувањето, односно зголемувањето на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од пад од 13.7 % до раст од 9.4 %
  • Зголемувањето на просечната цена на природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.6 % до 10.2 %