
Цените по квадратен метар во Белград се во просек помеѓу 2.500 и 3.000 евра, а најбарани се становите за млади, од 30 до 40 квадратни метри, кои чинат околу 100.000 евра, вели агентот за недвижности Милиќ Ѓоковиќ и наведува дека цените по квадратен метар на периферијата на градот се помеѓу 1.000 и 1.500 евра, додека на ексклузивни локации достигнуваат и до 12.000 евра по квадратен метар.
Ѓоковиќ за Танјуг изјави дека се барани и станови од 50 до 60 квадратни метри, кои чинат помеѓу 150.000 и 180.000 евра.
„Сега, овие станови за млади се најбарани, ако зборуваме за Белград, тоа се станови од околу 30-40 квадратни метри, што се околу 100.000 евра. Патем, просечната цена по квадратен метар е помеѓу 2.500 и 3.000 евра во поширокиот центар на градот“, рече Ѓоковиќ.