Просечната нето плата во февруари во Хрватска била 985 евра

26

Просечната нето-плата по вработен во Хрватска во февруари годинава изнесува 7.452 куни (985,5 евра), што е номинално повисока за 5,9 отсто и реално пониска за 0,4 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, покажуваат денешните податоци на Централното биро за Статистика (CBS).

Во однос на јануари годинава, просечната февруарска нето плата номинално е повисока за еден процент, а реално за 0,1 отсто, пренесе „Хина“.

Просечната нето плата во наведениот месец изнесува 6.151 куни (813,5 евра), што значи дека половина од вработените имале помала плата, а половина поголема плата од таа сума.