
Заводот за статистика на Република Србија објави дека пресметаната просечна нето плата во Србија во 2024 година изнесувала 98.143 динари (837.34 евра) и во однос на претходната година номинално е повисока за 14,1 отсто, а реално за 9,1 отсто, објави српската Влада.
Ако се споредат платите без даноци и придонеси по сектори, може да се види дека највисок реален раст во 2024 година, во однос на 2023 година, е остварен во образованието, од 11,3%, потоа сместување и услуги за храна – 11,2% и преработувачката индустрија – 11%.