Прошетка низ Лондон со такси преку апликацијата Star Cabs на Heineken

50

Heineken-20140804082714803

Heineken на своите купувачи им дава шанса да го запознаат Лондон со бесплатно возење со такси доколку порачаат пиво, користејќи специјална апликација, јавуваат британските медиуми.

Во рамки на кампањата Open your city, секоја прва сабота во месеци, голем број такси возила брендирани во Heineken реклама ќе ги превезуваат купувачите ширум британската престолнина.

heineken bar

Купувачите можат да ја преземат Star cabs апликацијата и на тој начин да порачаат пиво во некое од 30-те барови на локации во Брикстоун, Клапам, Шордич, Енџел, Кемпден, Нотинг Хил и Белам.

Потоа треба да го повикаат Star cabs и да го споделат барањето на социјалните мрежи, пред да добијат СМС потврда дека освоиле бесплатно возење со такси. Добитниците потоа ќе одат во еден од баровите, каде што ќе ги пречека домаќин што ќе им помогне во откривање на убавините на Лондон.

heineken taxi

Star cab е кампања што ја осмисли агенција RPM, а е резултат на почетокот на апликацијата Heineken @wherenext која им овоможува на купувачите во Лондон и Њујорк да пронајдат интересни забави и содржини, со помош на социјалните мрежи.