Google на официјалниот блог минатата недела објави фото записи од 40 локации во океани, што можат да се најдат на Street View. Фотографиите ја откриваат убавината на океаните, нивните жители, но демонстрацијата на убавините на водените длабочини не е единствената цел на компанијата. Целта е по повод Светскиот ден на океаните, кој се одбележува денеска, 8 јуни, да се подигне свеста кај луѓето колку моменталниот начин на живот го нарушува екосистемот под површината и да придонесе кон негово зачувување.
“Мапирањето на океанот е клучот за негово зачувување. Секоја слика во Google Maps е ГПС-лоциран дигитален запис од овие подводни и крајбрежни средини, кој може да се користи како основа за следење на промена со текот на времето”, стои на блогот.