Фото: Pixabay
Сакате да знаете каков тип на претприемач сте? Одговорете на овие три прашања и ќе дознаете:
Прашање 1:
Успешни сте благодарение на тоа што:
А. Препознавате шеми и трендови
Б. Случајни врски
В. Имате иницијатива да правите работи од кои другите се плашат
Г. Ја гледате целта во она што го правите
Прашање 2:
Изберете изјава која најмногу ви одговара:
А. Кога ќе размислам, можам да решам се што ќе замислам
Б. Многу е важно да продолжам континуирано да се развивам
В. Најголемиот број проблеми можат да се решат со акција, труд и време
Г. Ја сакам мојата работа
Прашање 3:
Моите пријатели би рекле:
А. Дека решавам комплексни проблеми
Б. Дека имам повеќе среќа од другите
В. Дека сум храбар
Г. Дека работам нешто во што верувам
Резултати:
Ако имате повеќе одговори под А (два од три), тогаш вас ве води паметот.
Ако имате повеќе одговори под Б, тогаш вас ве води среќата.
Ако имате повеќе одговори под В, тогаш вас ве води храброста.
Ако имате повеќе одговори под Г, тогаш вас ве води срцето.
(Форбс)