Прв паметен часовник од Huawei

22

huawei-watch-images-leak2_1020.0На саемот за електроника IFA кој што се одржува од 4 до 9-ти септември во Берлин, Huawei го претстави својот најнов паметен часовник.

Часовникот користи Google Wear, оперативен систем од Google за преносни уреди. Неговата цена се движи од 349 долари за основен модел, па се до 800 долари, во завинсност од желбите на купувачот.

Паметниот часовник изгледа елегантно и компактно, неговиот дијаметар изнесува 42, а дебелината 11,3 милиметри.

huawei-watch-images-leak16_1020.0

Тој има сафирно стакло, отпорно на гребење и удари, составен е од нерѓосувачки челик, а дизајнот се прилагодува на сечија рака.

Часовникот доаѓа во златна, сребрена и црна боја, додека каивчето може да биде од фина кожа или нерѓосувачки челик.

Од кинеската компанија велат дека има вкупно 40 дизајни, односно комбинации од кои купувачите можат да одберат.