Прва Академија за Employer Branding, формирана во рамки на ВИТА ИНСТИТУТ

278

Академија за EMPLOYER BRANDING

Еден од најновите проекти на ВИТА ИНСТИТУТ е регионалната Академија за EMPLOYER BRANDING, која претставува единствена ваква академија во земјата, која нуди напредни вештини за менаџмент со човечки ресурси и employer branding. Академијата има уникатен пристап, комбинирајќи 6 модули на „masterclass„ предавања за напредни знаења и вештини за менаџмент со човечки ресурси и еден на еден сесии за менторство / коучинг на учесниците.

Главната цел на академијата е да им овозможиме на учесниците и компаниите да градат компетенции и експертиза потребни за решавање на главните проблеми со брендирањето на работодавачот и развојот на потребните практики за управување со човечките ресурси. Како резултат истите ќе бидат во можност да спроведат нови политики и процедури во компаниите и да изготват Employer Branding стратегија, со цел подобро позиционирање на компанијата на пазарот на трудот. Ова е основна улога на модерниот менаџмент со човечки ресурси, за да се привлечат квалитетни кадри, да се мотивираат вработените за високи перформанси и да се задржат талентите во компанијата!

Во тек е формирање на новата група на Академијата за EMPLOYER BRANDING!

За ВИТА ИНСТИТУТ (www.vitainstitut.com)

Мисијата на ВИТА ИНСТИТУТ е да обезбеди целосна професионална поддршка на компаниите да ги изградат своите капацитети преку воспоставување на системи за управување со човечките ресурси, дигитализација на процесите, како и преку развој на лидерството во компаниите и развој на организациската култура.

Тимот на ВИТА Институт го сочинуваат докажани експерти за менаџмент со човечки ресурси и сертифицирани коучеви, како и подеднакво успешни партнериски организации.

Оснoвач на ВИТА ИНСТИТУТ е м-р Христина Лозаноска, експерт за организациски развој и коуч за развој на менаџери и лидери. Христина има долгогодишно искуство во оперативен менаџмент со човечки ресурси, а како сопственик на институтот ВИТА, е клучен консултант за воспоставување системи за управување со човечки ресурси во компаниите, и бизнис коуч за развој на менаџери и лидери. Христина е оснoвач на Македонската асоцијација за човечки ресурси и нејзин претседател од 2012-2018 година.

Експертизата на ВИТА ИНСТИТУТ е понудена во следните области:

Системи за менаџмент со човечки ресурси

Воспоставувањето на системи за менаџмент со човечки ресурси ја следи методологија на интеграција на HR процесите во оперативен HR модел, преку севкупно поставување и интегрирање на модерни практики во менаџментот со човечки ресурси, како и овозможување на дигитализација и одржливост на HR процесите.

Развој на лидерство и Бизнис коучинг

ВИТА Институт работи на креирање на лидерски модел преку кој се нуди проценка и развој на лидерите и менаџерите во компанијата. Воедно, понудени се лидерски програми и бизнис коучинг за менаџери, за зајакнување на лидерските и менаџерските компетенции на поединците, како и за развој на високопродуктивни тимови и организации. Фокус се става на следните теми: зајакнување на лидерството, комуникација, разбирање на вредностите и култура, емоционална интелигенција, менаџирање со различностите, промоција на креативноста и иновативноста, менаџирање со промените, справување со стресот и тн…

Развој на организациска култура

ВИТА ИНСТИТУТ врши дијагностика на организациската култура и откривање на до 210 бизнис сигнали, преку врвната people дата аналитика Quintaum Мethodology. Потоа, за креирање на посакуваната организациска култура понудени се програми за добросостојба, развој на вредности и лично лидерство. Програмите сe насочени кон градење на позитивна работна атмосфера и градење на заедничка свест за добросостојбата и деловна етика, како основа за совладување на деловните потфати.