Првиот човек на РКЕ поднесе оставка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднел оставка. Со писмо до претседателот на Собранието информирал дека се повлекува од функцијата, на која првпат беше избран во јуни 2018 година.

Оставката доаѓа две недели по кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе против Бислимоски поради сомнеж за злоупотреба на службената положба. Според пријавата, тој наводно не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“, овозможувајќи ѝ да работи дополнителни 15 месеци и да оствари значителен промет.

Бислимоски претходно изјави дека ќе соработува со институциите и дека е уверен оти ќе се докаже дека не е прекршен Законот за енергетика.