Првиот милион го потрошил за еден час – Шекил О’Нил добил повик од банката што смени сè – денес е мајстор за вложување пари

436

Нема ништо обично или просечно во животот на Шекил О’Нил. Легендарниот кошаркар покажа дека е талентиран и во други сфери од животот, но е вистински гениј кога е во прашање вложувањето пари.

Мора да се признае, не беше секогаш така. Агентите често им кажуваат на играчите кои доаѓаат во НБА дека првите три милиони „ќе одат во вода и играчите нема ни да ги забележат“, а токму тоа се случи со Шек.

„По потпишувањето купив неколку скапи автомобили, накит, купив секакви работи, потрошив толку многу пари што ми се јави банката и ми кажа дека ќе ме уништи ако продолжам да трошам толку многу пари“, изјави Шекил. О’Нил во шоуто “Shark Tank”, а потоа продолжи:

„Потрошив милион долари од првата плата за само еден час. Човекот од банката ме предупреди да не трошам толку бидејќи не сметав на даноци и такви работи“, изјави познатиот центар на Лос Анџелес Лејкерс.

Меѓутоа, како што минуваа годините, Шек стана помудар, а неговите инвестициски потези го натераа да заработи огромна сума на пари преку инвестиции.

Во текот на кариерата заработил околу 300 милиони долари, а неговото богатство постојано се зголемува, во 2020 година се проценува дека вредел 400 милиони.

И додека повеќето НБА кошаркари банкротираат две до пет години по завршувањето на кариерата, Шекил продолжува да се збогатува со купување недвижен имот.

„Слушнав кога Џеф Безос еднаш рече дека прави инвестиции врз основа на тоа дали тие ќе ги променат животите на луѓето и кога штотуку почнав да ја спроведувам таа стратегија, мислам дека четирикратно ја зголемив мојата вредност“, изјави Шек еднаш за The Wall Street Journal.

Овој увид му овозможи да препознае некои компании како одлични дури и пред да станат играчи од повеќе милијарди долари. Шекил инвестираше и во Google и во Apple, два од најголемите играчи на економскиот пазар во моментов. Дополнително, има акции на Vitaminwater, Lift…

Ако го прашате О’Нил, тој ќе тврди дека сè е до среќа, но се присети на познатата 2002 година кога заедно со третата последователна титула со Лос Анџелес Лејкерс купи акции во Гугл.

„Сосема случајно влегов во Google. Бев во ресторан и си играв со децата (децата на познати богаташ кого Шек одби да го идентификува) Тој ми рече: „Шек, ми се допаѓаш, имам нешто за тебе. И тогаш ја погледнав понудата“.

Шек претходно слушнал за Google и сфатил дека потрагата по термини е всушност иднината. Малку подоцна, тој го запозна и Рон Конвеј, кој беше пионер инвеститор во Силиконската долина, кој го препозна растот на PayPal, Twitter, Dropbox, Airbnb и Google.

Две години откако Шек купи акции, целиот ИТ свет со нетрпение го следеше лансирањето на Google, кој излезе на берза на 19 август 2004 година, а акциите скокнаа за 18 проценти на првиот ден!