Првиот подводен ресторан во Европа ги отвори вратите за гости

24


Under, првиот подводен ресторан во Европа започна со работа, а истиот е лоциран на карпест брег во Линденснес, Норвешка. Зад неговиот дизајн стои архитектонското студио Snøhetta.

Ресторанот е половично под вода, а останатиот дел се наоѓа на брегот, со што потсетува на потонат брод насукан покрај карпесто крaјбрежје. Освен функција на ресторан, тој служи и како истражувачки центар за морскиот свет, пишува Inhabitat.

Како што влегуваат гостите во Under, боите постепено се менуваат од посветли кон потемни, симболично означувајќи ја длабочината, a внатре ги “пречекува“ минималистичка “трпезарија“ за 40 луѓе.

Сепак, она што е најинтерeсно е погледот кон морскиот свет, што придонесува за едно поинакво угостителско искуство. Храната во Under, што на норвешки значи Чудо, е од локални намирници, морска храна и дивеч.

Фото: Snøhetta