Првите модели на BMW Neue Klasse во форма на седан и SUV

77

На актуелните електрични модели на BMW кон средината на оваа деценија ќе им се придружи нова генерација возила со нула емисии на штетни гасови, врз основа на она што баварската компанија го нарекува Neue Klasse (Нова класа).

Станува збор за нова архитектура која моментално е во развој, а прво ќе ја видиме „под кожата“ на електричен седан и електричен SUV.

Во овој поглед, интересни се информациите кои доаѓаат од извршниот директор на BMW, Оливер Зипсе. Потврдувајќи го она што го најави претходно оваа година, Зипсе вели дека Neue Klasse ќе биде основа за компактен електричен седан, проследен со компактен SUV.

„Емотивните производи и иновативната технологија се и ќе останат столбот на нашиот деловен успех. Нашата брзорастечка палета на целосно електрични возила со BMW OS 8 ги импресионира клиентите и експертите – и веќе е главен двигател на нашата продажба денес. Од 2025 година, ќе го направиме следниот голем чекор напред со Neue Klasse: тоа дефинира на што се залага BMW Group во иднина. На почетокот планираме компактен седан во сегментот Серија 3 и спортски теренец. До крајот на деценијата, Neue Klasse се очекува да има повеќе од половина од нашата продажба“.

BMW сè уште не е подготвен да открие повеќе детали за своите идни електрични возила, но претходниот извештај посочува дека баварскиот производител на крајот ќе има цела палета на модели базирани на архитектурата Neue Klasse. Тие ќе се движат од мејнстрим до ексклузивни модели со високи перформанси. Новата платформа ќе се користи за електрични возила, додека другите модели со SUS мотори ќе продолжат да користат различни платформи.

На крајот, Зипсе откри дека компанијата ќе обезбеди поглед на Neue Klasse на саемот во Минхен следната година. Саемот ќе започне на 5 септември 2023 година, а новиот концепт на BMW ќе ги објави возилата Neue Klasse кои ќе почнат да пристигнуваат во 2025 година.