Prynt e футрола за смартфон што печати фотографии како полароид, пишува Hellogiggles. Штом ја направите фотографијата со вашиот смартфон, Prynt инстантно ја вади, како добриот стар фотографски апарат.
Футролата работи на тој принцип што користи минијатурни, хартиени фото ленти од цинк, за да ги испечати фотографиите зачувани во вашиот смартфон. Направата користи технологија на термичко печатење што значи нема мастило, само топлина за да се создаде сликата.
Моментално има адаптери за iPhone 6s, 6, 5s, 5c, 5 и Samsung Galaxy S5 и S4.
Заедно со апликацијата, откако ќе фотографирате нешто, снимате и кратко видео од шест секунди, што самото се прикачува за фотографијата. Откако ќе ја отпечатите сите можат да ја искористат апликацијата за да ја скенираат фотографијата и да го видат видеото.
Креаторот на Prynt, Германецот Клемент Перо тврди дека корисниците наскоро ќе можат да прикачуваат и поинаква содржина како клип од песна, GPS координати и слично. Тој вели дека ќе може да се користи и како дигитална бизнис картичка.
Оние што се грижат за приватноста нема потреба тоа го прават, од причина што корисникот има опција да ја означи содржината како приватна и само одбрани луѓе ќе можат да ја видат.