Пука еден од најсилните пазари на недвижности во Европа: Инвестициите во станбени единици паднаа за 50%

282

Германскиот сектор на недвижности падна во последните три месеци од 2022 година, поради зголемените финансиски трошоци и рекордната инфлација во најголемата европска економија, покажа извештајот објавен во понеделникот од БНП Парибас.

Инвестициите во секторот за комерцијален имот во земјата паднаа за 50% од октомври до декември, во споредба со петгодишниот просек за периодот, достигнувајќи „само“ 9,9 милијарди евра (10,6 милијарди долари).

Секторот беше силно погоден бидејќи инвеститорите ги избегнуваа зделките поради зголемувањето на каматните стапки и општото влошување на економското опкружување во Германија, покажа истражувањето.
Зголемените трошоци создадоа длабок јаз меѓу очекувањата за цените на купувачите и продавачите, така што „многу големи трансакции кои веќе беа во фаза на промоција – не се случија“, рече извршниот директор на BNP Paribas Real Estate Германија, Маркус Корн во извештајот.

Тој, исто така, очекува овој тренд да продолжи најмалку шест месеци во 2023 година. Германскиот пазар на станбени недвижности се соочува со уште полоша криза, со пад на обемот на зделки за 74 отсто во цела 2022 година во споредба со 2021 година, објави Блумберг, повикувајќи се на специјалниот извештај на BNP Paribas.

Компаниите за недвижнини ширум Европа генерално се борат да преживеат, по серијата зголемувања на каматните стапки во 2022 година од страна на Европската централна банка и другите финансиски регулатори во обид да се спречи инфлацијата.