Punta de Mar – еколошки хотел што плови на вода

61

Архитектонското студио Mano De Santo, со седиште во Валенсија, Шпанија, дизајнираше хотел што плови на вода и ја користи сончевата енергија како погон. Punta de Mar Marina Lodge лесно се транспортира и инсталира благодарение на модуларниот дизајн.

Еколошкиот хотел нуди единствено луксузно искуство на вода за двајца, а зафаќа површина од 74 метри квадратни, пишува Inhabitat.

Долниот кат, којшто се протега на површина од 40 метри квадратни, вклучува мала тераса што продолжува со спална соба. Бањата, техничката опрема и останатиот простор за багажот зафаќа мал дел зад спалната соба. Хотелот има и уште една мала тераса на задниот дел. Гостите можат да пристапат и до покривот, каде има простор за одмор и уживање во погледот под отворено небо.

Внатрешната температура, осветлувањето, алармот и системот за забава можат да се контролираат од далечина преку паметните телефони на гостите.

Фото: Mano De Santo