PuroClean – “итна помош“ за објекти оштетени од пожар или поплави

25

puroclean

PuroClean е американска компанија за санирање објекти коишто се оштетени од пожар или поплава, а нуди и дополнителни услуги за чистење и деконтаминирање на просториите зафатени од природни непогоди. Тие на местото на несреќата доаѓаат во рок од 24 часа, па затоа се претставуваат како “итна помош за имотот зафатен од пожар или поплава“.

Денес, компанијата има 230 франшизи низ САД и Канада, а планира овој бизнис да го пренесе и на стариот континент.

“PuroClean е франшиза со докажани резултати во САД и Канада, специјализирана за брза и стручна санација на оштетен имот. Силната инфраструктура и ресурсите – сертифицирани системи, најнова технологија и опрема прават да бидеме идеален партнер за франшиза којшто ќе може овие услуги да ги пружа и во Европа“, вели претседателот на компанијата, Марк Дејвис, пренесува Frachising.hr.

Претприемачите во Европа, како што се наведува, би требало да ги привлече докажаниот деловен модел отпорен на кризи, којшто значително ќе помогне на осигурителниот сектор и ќе понуди “нов, комплетен и добро организиран систем во секоја земја“.