„Путин не може никого да натера да купува во рубљи, тоа е детска игра“

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на својата влада да прифати само рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“ како што се членките на Европската унија и САД.

„Нема смисла да ја доставуваме нашата стока во Европската унија и во САД и да добиваме плаќање во долари, евра и други валути. Тоа значи дека при ваквите трансфери нема да користиме компромитирани валути – рече Путин“, пренесува РИА Новости.

Испораките на гас, рече тој, ќе продолжат според договорените количини и цени.

Ова е обид на Русија да одговори на санкциите на западните земји воведени поради инвазијата на Украина.

Во однос на тоа дали е возможен ваков епилог, економистот Дамир Новотни за „24 часа“ вели дека не знае како тоа е технички изводливо со оглед на санкциите наметнати на меѓународниот платен систем.

„Не гледам како рускиот претседател може да натера некого да купува во рубљи. Технички е невозможно да се купат од руската централна банка кога таа е блокирана. Не знам, тоа е сосема нејасна ситуација“, рече тој.

Тој наведува дека на овој начин Путин всушност се обидува да заштеди, односно да го запре падот на рубљата, која веќе девалвираше 35 отсто.

„Би рекол дека тоа е и очајнички потег и детска игра“, заклучува тој.