QODE, успешен старт – ап од Србија за креирање на WordPress теми

16

qode

QODE е српски тим кој за само две години успеа да го достигне врвот во изработка и продажба на теми за интернет страници основани на WordPress, што претставува софтвер што го користа околу ¼ од сите сајтови на светот, пишува порталот Startit.rs.

Од почетокот на продажбата на ThemeForest, досега се продадени над 55.000 теми, по цена од околу 50 евра и изградија тим од 40 лица, без било какво искуство во WordPress и ThemeForest заедницата.

Како и многу ИТ експерти, Иван Пауновиќ и Дарко Стефановиќ својата кариера ја започнаа со пружање на програмерски услуги на домашни и странски клиенти кои имале потреба од веб решенија.

“Креирањето на темплејти може да зависи од некои актуелни трендови, но ние сакаме да се потпреме на индивидуалноста, сакаме да градиме долгорочна стратегија, каде производот секогаш ќе е подобар од претходниот. Не сакаме да ризикуваме нашиот успех да зависи само од среќа“, вели Пауновиќ.