QooCam – првата камера што снима во 4K, 360° и 3D технологија

59

Фото: Kickstarter

QooCam е првата 4K камера којашто ги комбинира иновативните карактетистики на 360° и 3D технологијата.

Со камерата доаѓа и компатибилна апликација за Android и IOS, за едитирање на видеа и фотографии. QooCam поддржува мемориска картичка до 256 гигабајти, а исто така е една од ретките камери на коишто може да се направи фокус и кога е веќе направена фотографијата. Таа е опремена со 4к технологија, а фотографира и снима пејзажи во 3D 360°.

Камерата е дело на старт-ап со седиште во Лос Анџелос, Калифорнија, а производот може да се користи со селфи стап, со дрон, на кацига, на скејтборд и на држач за камера.

QooCam има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 164.884 долари од потребните 30.000 долари, а кампањата трае уште 29 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август, оваа година.