Qualcomm најави „нова ера на Snapdragon“ (ВИДЕО)

90

Љубителите на паметни телефони со нетрпение го очекуваат крајот на овој месец кога Qualcomm ќе го претстави својот нов мобилен предводник кај чиповите, кој, според компанијата, нема да се вика Snapdragon 898 како што се очекуваше.

Имено, Qualcomm во понеделникот ја најави „новата ера на Snapdragon“ и на тој начин претстави бројни промени. Snapdragon отсега ќе биде независен бренд, па на чиповите ќе им недостасува потписот на компанијата, што веќе може да се забележи на нивниот SD 888+ SoC.

Сепак, најголемата промена е токму начинот на кој компанијата отсега ќе ги именува своите чипови. Да потсетиме, досега за ова се користеа трицифрени броеви, од кои првата цифра ја означуваше јачината на чипот, така што, на пример, бројот осум беше резервиран за предводници, додека 4 секогаш ги означува оние наменети за „entry-level“ уреди.

Бидејќи втората цифра главно означуваше која генерација е, а третата помало ажурирање на чиповите, Qualcomm остана без простор за именување и сето тоа заедно секогаш звучеше збунувачки и тешко за следење за повеќето корисници. Поради оваа причина, чиповите на компанијата сега ќе содржат само „едноцифрен број на серии и генерации“, слично на она што веќе го прават со нивните процесори за компјутери – Snapdragon 8cx Gen 2 или Snapdragon 7c Gen 2.

Дополнително, Qualcomm посочува дека повеќе нема да ја става наставката „5G“ во името, бидејќи, како што велат, 5G стана сеприсутен во целата производна линија, па повеќе не е потребно да се нагласува. Но, сепак ќе ги истакне своите водечки производи со користење на злато.

Промотивното соопштение за новата „Snapdragon era“ можете да го погледнете на официјалниот YouTube канал на Snapdragon, а повеќе информации за новите промени ќе бидат објавени следната недела.