Почетна Новости Европа Работа од дома: Се повредил на пат од кревет до маса –...

Работа од дома: Се повредил на пат од кревет до маса – осигурувањето плаќа надомест

306

Германскиот суд пресудил дека мажот кој се лизнал додека одел неколку метри од креветот до своето биро дома, може да бара пари од осигурување за повреда на работното место бидејќи се повредил додека, технички, патувал на работа, пишува Гардијан.

Човекот работел од дома и се лизнал „патувајќи на работа“ од неговата спална соба горе до приземјето каде што било неговото биро, според пресудата на Федералниот суд, кој ги надгледува прашањата за социјално осигурување.

Додека одел по спиралните скали, неименуван маж се сопнал и го повредил грбот.

Судот забележал дека работникот вообичаено би почнал да работи во неговата домашна канцеларија „веднаш без појадок“, но не објасниле зошто тоа е релевантно за случајот. Сепак, подоцна било кажано дека правното осигурување од несреќен случај било обезбедено само на „првото“ патување на работа, што укажува на тоа дека неговото барање за компензација би било одбиено доколку се лизнал откако веќе почнал со работа, но во меѓувреме решил да јаде нешто.

Осигурувањето на работодавачот одбило да го покрие побарувањето. Исто така, два пониски суда не се согласиле околу тоа дали краткото патување до работа е партување на работното место, но Федералниот виш социјален суд пресудил дека „првото утринско патување од кревет до домашна канцеларија е обезбеден работен пат“.

Во пресудата, меѓу другото, се вели: „Обвинителот доживеа несреќа на работа кога утрото падна на пат кон својата домашна канцеларија“.

Во многу земји од компаниите се бара да се грижат за своите вработени, без разлика каде работат.

Германскиот сојузен суд додаде: „Ако осигурената дејност се врши во домаќинството на осигуреното лице или на друго место, осигурувањето важи во иста мера како и кога дејноста се врши во просториите на компанијата“.

Не е јасно дали мажот работел од дома поради пандемијата или претходно работел на тој начин. Во пресудата се наведува дека законот се применува на „сите оддалечени работни места“, кои се „компјутерски работни станици што работодавачот трајно ги поставува во приватниот простор на работникот“, објави Гардијан.