Работи што НЕ треба да ги правите секој ден

26

ne-pixabay

Фото: Pixabay

Сигурно до сега сте се изначитале што треба да направите за да бидете поуспешни и да напредувате во кариерата. Овојпат прочитајте што НЕ треба да правите ако сакате деновите да ви минуваат мирно, а притоа да бележите успеси.

1. НЕ го проверувајте телефонот додека разговарате со некого

Таквото однесување остава непријатен впечаток на околината и во одржувањето на добри односи со колегите. Едноставно, никој не сака да го прекинуваат на овој начин, колку и да го прикрива тоа успешно.

2. НЕ бидете невнимателни за време на состаноците

Најлесниот начин да бидете најпаметниот човек во салата за состаноци е да сте оној кој успева максимално да го задржи вниманието на случувањата. Ќе останете изненадени од тоа колку можете да научите за некоја тема од дискусијата, како и за скриените мотиви на луѓето во просторијата, ако престанете да се занимавате со работи на страна и го насочите своето внимание кон дискусиите.

3. НЕ мислете на луѓе за кои нема место во вашиот живот

Сетете се дека најважни се семејството и пријателите. Затоа обрнувајте им внимание секогаш кога можете – тие се оние што го заслужуваат.

4. НЕ користете автоматски известувања

Ако работата што ја вршите во моментот е важна, треба да ја вршите без да ве прекинува известување дека сте добиле маил. Фокусирајте се на она што го правите и секогаш стремете се да имате свој распоред на задачите, а не да се водите според распоредот на други луѓе.

5. НЕ дозволувајте минатото да ви ја диктира иднината

Грешките секогаш биле важна лекција. Научете од нив, но потоа оставете ги во минатото и не ги преживувајте повторно и повторно. Мислите дека е полесно да се каже отколку да се направи? Сето тоа зависи од перспективата од која гледате на работите. Ако нешто тргне наопаку, превртете ја ситуацијата во можност да научат нешто ново, особено за себе. Минатото е еден вид вежба – тоа може да ви даде корисни информации, но не и да управува со вашата иднината. Освен ако не му дозволите.

6. НЕ чекајте за да дејствувате

Никогаш не можете да бидете 100% сигурни дека ќе успеете во некој нов потфат. Единственото нешто што можете да го направите е да си кажете дека ќе се обидете да дадете се од себе. Тогаш ќе се чувствувате многу посигурни дека би се обиделе повторно ако не успеете. Додека чекате да дејствувајте – во случај на неуспех би изгубиле многу помалку отколку што мислите.

7. НЕ зборувајте зад грб

Ако имате проблем со одредена личност, подобро кажете и во очите. Ако, пак, тоа не е ваша работа и нема никакво влијание врз вашата работа и вас лично, нема што да зборувате зад грб. Обидете се да го минувате времето во попродуктивни разговори и активности. Од нив ќе имаат повеќе корист, а и другите повеќе ќе ве почитуваат.

8. НЕ велете “да” кога мислите “не”

Да одбиете да направите нешто за колегите, клиентите и пријателите може да е навистина тешко. Но, всушност одбивањете многу ретко предизвикува негативна реакција од која се плашите. Повеќето луѓе би ве разбрале, а ако не ве разберат, тогаш вреди ли да се грижите што мислат за вас? Освен тоа, ако кажете “не” ќе се чувствувате подобро. Ако се согласите да направите нешто што не мислите да го направите, тоа непријатното чувство ќе ве следи многу долго време.