Работи што треба да престанете да ги очекувате од другите луѓе

53

sedi

Фото: Pixabay

Очекувањата треба да бидат реални. Без разлика дали станува збор за себе си или другите, треба да сме свесни што е возможно, а што не. Токму затоа некои работи едноставно не треба да ги очекуваме од другите.

Не очекувајте луѓето секогаш да се согласуваат со вас

Ако сте од оние што постојано сакаат другите да се согласат со нивните ставови и мислења, ќе наидете на лошо разочарување. Не е возможно некој константно да се согласува со тоа што го зборувате. Секој човек има свое мислење. Ваше е да направите сè што можете користејќи точни податоци, факти и истражувања, но не претпоставувајте дека луѓето мора да се согласат со вас.

Не очекувајте другите да ве почитуваат ако не се почитувате себе си

Почитта започнува од себе си. За да бидете почитувани, треба прво да се однесувате на начин што заслужува почит, морате да се почитувате вие самите и тоа да го покажете пред другите. Како се однесувате кон себе, така и другите ќе се однесуваат кон вас.

Не очекувајте да знаат што мислите ако не се изразувате како што треба

Ако не можете да објасните што мислите, не очекувајте некој да знае. Многу поважно е самите да се разберете, отколку да барате мислење од другите. Започнете со тоа што ќе бидете искрени кон себе си, вашите чувства и желби и дури потоа можете да го споеделите тоа со останатите.

Не очекувајте другите да ги поправат вашите грешки кога вие нема да можете

Сосема е во ред да не умееш нешто да поправиш. Но, она што не е во ред е да обвинувате други за нешто што не ви оди од рака и да чекате некој друг да направи исправка место вас. Со тоа не си оставате простор за подобрување на способностите, на некој начин ја предавате вашата моќ во туѓи раце.

Не очекувајте да бидете нечиј приоритет кога не сте се поставиле како важна личност

Ако не се вреднувате себе си, праќате порака кон другите дека не сте вредни да бидете нечиј приоритет и дека не мора многу да се заложуваат за вас.

Не очекувајте другите да ви простат кога и самите не си простувате

Залудно е да очекувате прошка од другите, ако самите не сте си простиле за грешката. Запомнете дека што било поминало и ќе се случат две убави работи: луѓето ќе научат да ви простуваат и вие ќе научите да им простувате на другите.