Работи што успешните лидери ги прават автоматски, секој ден

70

liderstvo-1-pixabay

Фото: Pixabay

Лидерството е научено однесување, кое со време станува несвесно и автоматско. Многу луѓе се прашуваат како лидерите знаат да донесат најдобра одлука, честопати кога се под огромен притисок. Тоа се должи на големото искуство, минување низ мноштво различни ситуации, средбите со различни видови на карактери и доживување на непредвидени неуспеси. Најуспешните лидери одлуките ги донесуваат инстинктивно. Откако го направиле тоа многу пати во текот на кариерата, тие стануваат имуни на притисокот поврзани со донесување на одлуки. Стратешките и најдобрите одлуки во најголем дел се донесени интуитивно. Зошто повеќето извршни директори ќе кажат дека во моментот кога треба да донесат тешка одлука се потпираат на “чувството во стомакот”.

Ако сте зацртале да напредувате во кариерата или веќе сте на раководна функција, Форбс препорачува неколку работи што мора ги правите автоматски, секој ден, за да бидете успешен лидер на работното место:

1. Направете другите да не се плашат да се искажат

Многу пати лидерите ги заплашуваат колегите со титулата и моќта. Но, успешните лидери знаат како да го одвратат вниманието од себе и да ги охрабрат другите да го искажат своето мислење. Тие се експерти да направат другите да не се плашат да се искажат и самоуверено да ги споделат своите перспективи и размислувања.

2. Донесувајте одлуки

Успешните лидери се експерти во донесувањето одлуки. Тие или преку дијалог ги поттикнуваат своите колеги да стигнат до стратешки заклучок или го прават тоа самите. Успешните лидери ја совладале уметноста на политизирање и не го губат времето за прашања кои го нарушуваат моментот. Тие знаат како да донесат 30 решенија за 30 минути.

3. Предизвикувајте ги луѓето да размислуваат

Најуспешните лидери разбираат како работат умовите на нивните колеги, ги знаат нивните способности и знаат во кои области можат да се подобрат. Затоа знаат како да ги “истегнат” своите тимови да можат да дофатат подалеку. Ако не размислувате, нема да научите нови работи. Ако не учите, вие не растете и со текот на времето станувате небитни во вашата работа.

4. Правилно распоредете ги талентите

Успешните лидери знаат за што се талентирани луѓето со кои работат и како да ги користат нивните таленти. Тие се експерти во активирање на можностите на своите колеги и знаат кога да ги имплементираат нивните уникатни вештина.

5. Позитивна енергија и однесување

Успешните лидери создаваат позитивна и инспиративна атмосфера на работното место. Тие знаат како да го постават тонот и со позитивен став да ги мотивираат своите колеги да преземат акција. Како такви, тие се симпатични, почитувани и со цврста волја. Тие не дозволуваат неуспесите да го прекинат моментот.

6. Бидете добар учител

Многу вработени ќе ви кажат дека нивните лидери престанале да бидат учители. Успешните лидери никогаш нема да престанат да бидат ментори затоа што се самомотивирани да научат повеќе. Тие го користат менторството да ги информираат и подучат своите колеги преку статистички податоци, трендови и други новости. Успешните лидери одвојуваат време да им бидат ментори на своите колеги и инвестираат во оние што се способни и желни да напредуваат.

7. Уживајте во одговорностите

Успешните лидери сакаат да бидат лидери. Не можете да им помогнете и да ги водите другите доколку навистина не уживате во она што го правите.