Работилница за миграциите и дознаките од странство во Западен Балкан

13

Тема на работилницата што денес ќе се одржи во Скопје, во организација на Аналитика и АКСЕР ќе биде Миграции и дознаки од странство во Западен Балкан.

Работилница има за цел да се презентираат крајните резултати на проектот на Аналитика и АКСЕР поддржан од РРПП програмата на тема Миграција и развој во Албанија и Македонија: влијанието на дознаките од странство врз образованието и здравјето на членовите на семејствата останати дома, и поттикнување на дебата на тема миграции и дознаки во странство во Македонија и регионот.

Според добиените резултатите од проектот Албанија и Македонија се земји кои во голема мера се зависни од дознаки од странство, кои пак играат важна улога во обезбедување на дополнителна социјална заштита, искоренување на сиромаштија и слично. Освен тоа, дознаките од странство имаат клучна улога врз образованието и здравјето на членовите на семејствата кои остануваат дома.

Организацијата Аналитика е тинк-тенк организација од Скопје, која се занимава со подобрување на демократијата и доброто владеење во Република Македонија и регионот, а клучни области на истражување и делување се ЕУ интеграции, миграции, енергетика и безбедност.

АКСЕР (Албански центар за социо-економско истражување) од Тирана е истражувачки центар кој работи на истражувања на тема миграции и нивното влијание во Албанија.