Работодавачот ве прашува за колкава плата би работеле – што ќе одговорите?

146

Фото: Pixabay

Едно од најчестите прашања што работодавачите им го поставуваат на кандидатите за време на интервјуто е висината на платата за која би работеле. Колку е ова прашање често, толку и кандидатите се збунети и несигурни каков одговор да дадат. Дилемата е пред нив – доколку кажат пониска цифра, веднаш се добива впечаток дека се потценуваат, а ако пак кажат премногу висока, во очите на работодавачот стануваат преценети.

Постојат работодавачи кои инсистираат кандидатот да наведе точен износ за кој би ја прифатил работата, пред тој да каже колку му нуди. Прашање е што да се каже во тој момент, за да не се остави погрешен впечаток.

Истражувајте

Пред да заминете на интервју за работа, освен за компанијата за којашто аплицирате, најдете информации и за распонот на платите во тој сектор. Предвид земете го и градот во кој се наоѓа фирмата, брендот, ризикот што го носи работата и други фактори што би влијаеле на висината на платата.

Висината на посакуваната плата не зависи од вашите потреби

Секој од нас посакува толку висока плата, што ќе може да ги задоволи сите можни потреби. Тоа е идеалното сценарио, но реалноста бара да бидете скромни и да следите што се случува со останатите вработени како вас. Врз големината на платата, меѓу другото, влијае и образованието, искуството, позицијата…

Поставете долна и горна граница

Бидете скромни при утврдување на висината на платата, но сепак почитувајте го и вашиот интегритет. Минималната плата не треба да ве деградира вас како иден вработен, ниту максималниот износ да ве направи на бидете “лакоми“.

Не бидете исплашени во моментот кога ќе го слушнете прашањето

Говорот на телото многу често може да открие дали сме исплашени, изненадени или неподготвени да одговориме на одредено прашање. Во моментот кога работодавачот ќе ве праша за колкава плата би работеле, останете смирени, бидете прецизни, не одолговлекувајте со одговарање и не користете непотребни фрази што само ќе докажат дека сте несигурни во себе.