Радуловиќ: Најмалку 20.000 работници ќе останат вишок

24

otkazСрпскиот министер за економија Саша Радуловиќ изјави дека најмалку 20% до 30% од вкупно 100.000 работници во претпријатијата што треба да се реструктуираат најверојатно ќе останат вишок. Гостувајќи во емисија на РТС, министерот изјави дека до средината на следната година мора да се заврши процесот на реструктуирање на 609 претпријатија, во кои работат преку 100.000 луѓе и дека е неминовно да дојде до намалување на вработените во тој сектор, затоа што претпријатијата мора да застанат на здрави нозе.

“За одреден број работници постои реално работно место, а постои дел на работници кои, за жал, ќе останат без работа. Државата подготвува програми за тие работници, се работи на еден таков пакет”, наведува Радуловиќ.

Тој укажа дека министерството за економија не планира да ги задржи субвенциите од 10.000 евра за новоотворено работно место, додавајќи дека постои проблем со доделувањето на субвенции затоа што “контролата е скоро никаква”. Министерот нагласува дека министерството ќе ги исполни преземените обврски кон сите инвеститори, пренесува Танјуг.