Австриската група Raiffeisen bank international (RBI) драстично ќе го намали опсегот на работење во Словенија и бројот на вработените во својата централа во Марибор и 17 деловни единици низ земјата.
Според словенечките медиуми, Raiffeisen ќе отпушти од една половина до две третини од околу 300 вработени.
Реагирајќи на написите во медиумите, RBI наведува дека станува збор за оптимизација во рамките на групацијата, поради која опсегот на работењето во Словенија во подолг временски период ќе се прилагоди на позицијата на Raiffeisen на словенечкиот банкарски пазар, но банката и понатаму ќе остане да работи со своите клиенти.
Raiffeisen минатата година во Словенија забележа загуба од 5,5 милиони евра, а за плановите да го намалат опсегот на работење веќе ја информирале словенечката народна банка.