Раководители на успешни компании чиј ден започнува многу рано

93

Кои познати директори и раководители на успешни компании го започнуваат својот ден уште од рани зори? За нив работата е на прво место и доволни се неколку часа спиење во текот на ноќта.

Тим Кук, извршниот директор на Apple го започнува денот околу 4:30 наутро праќајќи мејлови. Потоа оди во вежбална каде се полни со енергија за работниот ден.

tim-cook

Фото: Apple

Главниот технички и стратешки директор на Cisco, Падмасри Вориор завршува многу работи рано наутро пред да пристигне во својата канцеларија во 8:30. Таа се буди во 4:30, чита мејлови еден час, ги разгледува вестите, вежба и го подготвува синот за на училиште.

Поранешниот директор на PayPal и OpenTable, Џеф Џордан кој сега работи за Andreessen Horowitz станува во 5 часот наутро и не заминува од канцеларијата се до 19 часот навечер.

Извршниот директор на AOL Тим Армстронг се буди во 5:00 и започнува да праќа мејлови околу 7:00. За време на тие два часа тој вежба и чита.

Ханс Вестберг извршниот директор на Ericsson пред да дојде на работа вежба и праќа мејлови, или како што и самиот кажува, неговите денови и ноќи се споени во едно со постојаната работа.

Извршниот директор на Vodafone Виторио Колао станува во 6:00, вежба, па седнува да работи се до 22:45, со мала пауза за вечера со фамилијата. Си легнува да спие во 23:30.

Мариса Маер, извршниот директор на Yahoo спие само 4 часа во текот на ноќта.

Пол Инглиш, ко-основачот на Kayak, се буди во 6 часот наутро и медитира. Потоа проверува мејл и вежба.

Извршниот директор на Fab, Џејсон Голдберг го започнува денот во 6:00. Најпрво одговара на пристигнатите мејлови, а потоа додека ја прави својата утринска гимнастика, тој гледа серии на својот iPad и се обидува да се реклаксира пред да започне со работа.