Ракувањето кажува многу работи за вас, сакале или не

34

rakuvanje

Фото: Pexels

Една од првите работи што ги правите кога ќе се сретнете со луѓето е ракувањето.

Но, она што не сте знаеле е дека токму начинот на кој се ракувате открива многу работи за вас.

Првите впечатоци се формираат веднаш и затоа е многу важно каква порака ќе испратите со тој гест.

Според Колин Шо, извршен директор на Beyond Philosophy, консултантска компанија, ракувањата се “демонстрација на силата на говорот на телото и можат да бидат извор на многу информации”.

“Од цврсто и силно зграпчување на дланката до слаб допир, секој интензитет на стисокот дава податоци за свесното и несвесно однесување на личноста. И не е потребен експерт за да ги протолкува тие знаци,” објаснува професорот Шо.

Вашето ракување, на пример, може да му каже на оној што ве интервјуира за работа, дали сте нервозен, самоуверен, моќна личност, потоа дали сте срамежливи, пријателски расположени, сакате да наредувате, агресивни и уште многу други нешта.

И она што вашето ракување ќе го” каже”, тоа ќе влијае на целото интервју.

На пример, доколку ракувањето испратило вибрации на срамежлива личност, дури и ако совршено одговорите на прашањата, таа ваша карактеристика може да биде сериозна пречка при вработувањето.

Шо појаснува дека не е само јачината на стисокот она што ве издава. Гестикулациите и не гледањето на соговорникот во очи исто така многу кажуваат за вас како личност.

“Без вие да знаете, вашето тело зборува, ја издава вашата потсвест.”

Ракувањето е само еден начин вашето тело да испрати сигнали за она што понекогаш сакате да го сокриете.

Затоа внимавајте како се ракувате, особено ако вашето вработување зависи од тоа.