Ралф Лорен – од скромни почетоци до милијарди

155

http_jux-user-files-prod.s3.amazonaws.com_2012_01_27_17_41_46_31_4783255841_4f049d8926_oМожеш да уживаш во моментот, но работите мораат да се движат напред. Не смееш да си дозволиш само еден голем успех” 

Во 1957 година, во годишникот на средното училиште DeWitt Clinton, младиот Ралф Лорен запиша милионер на местото каде што требаше да се напише животната цел.

Денес тој вреди 7 милијарди долари (според Forbes), откако пред неколку децении го лансираше својот мега популарен бренд Polo Ralph Lauren.

Долго пред да стане модна икона, тој беше Ралф Липшиц, најмалиот син на сиромашни еврејски имигранти од Белорусија кои дошле да живеат во Бронкс. Како дете тој често одел во кино и се замислувал себе си како дел од филмската фиктивна приказна со цел да “избега” од сиромаштијата во која живеел.

slideshow_feature_1-ralph-lauren-hamptons

На училиште не бил многу популарен, па често бил предмет на потсмев од врсниците. Затоа уште како тинејџер решил да го смени своето презиме од Липшвиц во Лорен, а со тоа уште повеќе се оддалечил од семејството.

Откако го завршил училиштето, по кратко служење во армијата, Лорен се преселил во Њујорк Сити и започнал да работи како службеник во најстарата текстилна компанија во САД, Brooks Brothers.

Пресвртна точка во животот на модната икона бил неговиот прв поло натпревар, којшто го поттикнал неговиот претприемачки дух и му помогнал да ја оформи својата цел во животот. Кога за прв пат го видел сиот тој луксуз, среброто, кожата, коњите, високите блондинки со големи шешири, посакал да стане дел од животот на висока нога.

thumb

Токму од тој момент Лорен добива инспирација да создаде бренд за богатата класа на луѓе, во што и успева за кратко време. Иако имаше само средно образование и неколку бизнис часови зад себе, тој се реши да ризикува и да основа сопствена компанија.

Следен “ризичен” чекор беше дизајнирање на нешто ново – широки и шарени вратоврски, во време кога истите беа тенки и еднобојни и никој не се осмелуваше да проба нешто различно.

Сепак радикалниот пристап на дизајнерот го освои раководството во Bloomingdale, познатиот американски синџир на стоковни куќи. Купувачите беа воодушевени, а Лорен за една година успеа да продаде вратоврски во вредност од пола милион долари.

ralph-lauren-clothes-polo-shirts

И покрај големиот успех, тој не застана ни минута, веднаш почна да размислува за следниот подвиг и да ја шири својата компанија. Модната икона и денес се води по истото мото:

“Можеш да уживаш во моментот, но работите мораат да се движат напред. Не смееш да си дозволиш само еден голем успех.”

Брендот стана препознатлив по блејзерите со остри линии, кожните јакни и секако, поло маичките. Откако се докажа во машката мода, Лорен почна да креира и за жените. Инспириран од својата жена Ана, тој започна да изработува модели за понежниот пол, кои многу наликуваа на моделите за мажи, секако со доза на женска елеганција.

Но, дизајнерот не застана ни таму. Поло брендот се прошири во линија на спортска облека, мебел, обувки, облека за деца, парфеми и модни додатоци.

Ralph-Lauren-Living

Детето кое некогаш сонуваше да стане милионер, си го исполни сонот. Денес модната икона има 75 години и ужива во луксузниот живот со својата сопруга и трите деца.

Поседува прекрасни имоти во Јамајка, Лонг Ајленд, Бедфорд и Менхетен, како и огромен ранч во Колорадо и една од најимпресивните и највредните колекции на автомобили.