Раст на кражбите на Kia автомобили во САД поради Tik Tok предизвик

11

Популарните видеа под наслов Kia Challenge, кои циркулираат на платформите TikTok и YouTube, доведоа до пораст на кражбите на автомобили во САД бидејќи споделуваат чекори за тоа како може да се украде автомобил само со USB-кабел.

Видеата објавени на сметки како 414HypeHouse покажуваат дека крадците на автомобили ги таргетираат отклучените автомобили на Kia и Hyundai, го отстрануваат капакот на воланот и користат USB-кабел за да ги запалат.

На дел од видеата, крадците, наречени Kia Boys, се возат во украдените автомобили, ги удираат или ги оставаат, објави Инсајдер.

Во државата Милвоки, каде што изгледа дека почнува трендот, кражбите на моделите на Hyundai и Kia сочинуваат 66 отсто од сите кражби на автомобили, пишува CarBuzz, што е за 2.500 отсто повеќе од минатата година.

Полициската управа во Санкт Петербург, Флорида исто така известува за необичен тренд на кражби на автомобили поврзани со објави на социјалните мрежи.

„Од 11-ти јули, 23 од 56-те украдени возила се Kia/Hyundai од 2021 година или постари кои се палат со клуч“, напиша полицијата на Твитер.

Полицијата, исто така, ги повика сите со KIA/Hyundai кои користат клуч, да го заклучат своето возило.

Моделите на Kia и Hyundai се украдени и во Арлингтон, Тексас и Синсинати. Моделите на Kia од 2011 до 2021 година и моделите на Hyundai од 2015 до 2021 година се мета на крадците поради „ранливоста“ што овозможува да се запалат откако ќе се добие пристап до воланот, рече наредникот Коди Ленс, кој ги истражува кражбите на автомобили во Санкт Петербург.

Во некои случаи, инцидентите со кражби стануваат опасни, при што осомничените за кражба и случајните минувачи сериозно се повредени или убивани поради несовесно возење.