Раст во осигурителниот сектор во Бугарија

41

Осигурителните компании кај нашиот источен сосед, Република Бугарија, за првите девет месеци од оваа година полисирале бруто премии со зголемување од 16,2% повеќе за истиот период минатата година, пишува во извештајот на Националната  комисија за финансиски надзор.

Сумата која ја оствариле изнесува 193,1 милион евра, со што говори фактот дека свесноста на граѓаните во Бугарија, за осигурување постепено расте.

Кај главната тројка на компании во осигурувањето на живот нема промена, прв е Булстрад Лајф Виена Иншуранс Груп со 30,7% удел на пазарот, втор е ДЗИ Лајф Иншуранс со 22,2% и трет е Алианц Булгариа Лајф со 18,2%.

Кај осигурителните друштва неживот во првите девет месеци оваа година борбата за престолот е тесна, а број еден осигурително друштво е Лев Инс којшто има удел од 13,4%, втор е Булстрад Виенда Иншуранс Груп со 11,3%, а трет е ДЗИ-Генерал Иншуранс со 11,2%.

Во категоријата неживот во првите девет месеци од 2019 година полисирани се вкупно 810 милиони евра.