Растат цените на недвижностите во Европа: Метар квадратен 13.462 евра

139

Според истражувањето на цените на недвижностите на консултантската куќа Deloitte, Париз ја бранеше својата позиција како најскап град за купување стан во квадратен метар во Европа, а потоа следат Минхен, Лондон и Осло.

Во Париз просечната цена на недвижностите по метар квадратен е 13.462 евра. Малку поевтино е во јужниот дел на Германија, во Баварија, во просек по 10.500 евра за метар квадратен.

Нешто пониска е цената на недвижностите во Лондон, Осло и Франкфурт, со просечни цени од 8.400 евра.

Цените на недвижностите сè уште „дивеат“, барем на Стариот континент, додека во САД има благ пад.

Експертот за недвижности Мајкл Милер рече дека цените во градежништвото се зголемени низ Европа.

Нарушените синџири на снабдување и недостигот на градежни материјали го зголемија ризикот при планирањето и извршувањето на градежните проекти. Дополнителен проблем е инфлацијата и недостатокот на работници, што дополнително ги зголемува цените, рече Милер.

Сепак, зголемувањето на каматните стапки може да ја забави побарувачката и растот на цените.