Расте бројот на мали бизниси во ЕУ кои користат онлајн канали за продажба

Вкупно 23,8 отсто од бизнисите во ЕУ се продавале преку Интернет во 2023 година, што е за 6,6 процентни поени повеќе од 2013 година (17,2 отсто), објави Евростат.

Меѓу земјите на ЕУ, Литванија имаше најголем удел на бизниси ангажирани во онлајн продажба со 42,1%, пред Ирска (39,6%) и Данска (38,8%).

Најмал удел има Луксембург со 12,2%, потоа Романија (14,7%) и Бугарија (15,1%).

Во однос на големината на компанијата, 46,5% од големите компании (со 250 или повеќе вработени) во ЕУ продавале онлајн во 2023 година, што претставува зголемување од 7,3 процентни поени во споредба со 2013 година (39,2%).

Кај средните претпријатија (од 50 до 249 вработени), 30,5% користеле онлајн продажба, што е зголемување за 5,8 процентни поени во однос на 2013 година (24,8%).

Овој удел е помал кај малите бизниси (од 10 до 49 вработени), бидејќи 21,9% од нив користеле онлајн канали за продажба во 2023 година, што е зголемување за 6,6 процентни поени во споредба со 2013 година (15,3%).