Растот на американскиот БДП во третиот квартал повисок од првичната проценка

Бруто домашниот производ (БДП) на Соединетите Американски Држави порасна за 3,1 отсто на годишно ниво во третиот квартал од оваа година, според втората проценка објавена  од Министерството за трговија на САД. Според првичната проценка, растот бил 2,8 отсто.
Причината за нагорната корекција е пред сè поголемата побарувачка кај потрошувачите и повисокиот извоз, велат од министерството.

Аналитичарите очекуваа економскиот раст да остане непроменет, пренесува француската новинска агенција АФП.

Така, растот на БДП во третиот квартал беше нешто повисок од растот во вториот квартал кога, според последните проценки, изнесуваше три проценти.

Споредено со вториот квартал, растот на реалниот БДП во третиот квартал главно е одраз на зајакнувањето на извозот, потрошувачката и државната потрошувачка“, пишува Министерството.