Размислувајте како Ворен Бафет

65

buffett

Фото: Twitter

Ворен Бафет не го интересира какви оцени имал на факултет неговиот бизнис партнер. Кога одлучува дали ќе соработува со некого, тој кај своите потенцијални бизнис партнери бара три квалитети:

Енергија

Дали претприемачите се витални, здрави и подготвени за акција? Градењето бизнис бара огромна издржливост и страст за акција. Без нив нема успех.

Интелигенција

Не се работи за шах интелигенција и секако не за просекот на оценки на поединецот. Она што го интересира Бафет е дали бизнис партнерот има адаптивна интелигенција: способност да го скенира хоризонтот, да ги “фаќа” сигналите и соодветно да се прилагодува на нив.

Интегритет

Никој не сака да работи со луѓе во кои немаат доверба. Но, како може да кажете за некого дека има или нема интегритет? Едноставно, имате интегритет ако велите “не” за повеќето работи.

Според дефиницијата на Бафет, ако имате интегритет, значи дека ќе кажете “не” на несигурни зделки, лошо однесување и партнери што ве искористуваат. Ако не можете да кажете “не”, ако сакате да ги задоволувате другите, тогаш немате интегритет.

Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе на светот. Бизнис магнат, инвеститор и филантроп, Бафет е најголем акционер и извршен директор на Berkshire Hathaway. Тој со децении успешно се снаоѓа со превирањата на пазарот, точно знае кога и каде треба да се инвестира, па затоа е еден од најследените и највлијателни инвеститори во светот.