Речиси 1,1 милион нови автомобили се регистрирани во ЕУ во јуни, што претставува зголемување од 4,3% на годишно ниво

Во земјите од Европската унија во јуни се регистрирани 1.089.925 нови автомобили, што е за 4,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

На повеќето големи европски пазари е забележан раст на продажбата на годишно ниво, во Италија за 15,1 отсто, Германија за 6,1 отсто, Шпанија за 2,2 отсто, додека во Франција бројот на регистрации на нови автомобили е намален за 4,8 отсто.

Во јуни, најголем број нови возила на бензин е регистриран со 34,4 отсто, потоа хибридно-електрични возила (HEV) со 29,5 отсто, електрични возила на батерии (BEV) со 14,4 отсто и автомобили на дизел со 12,7 отсто.